ИНФРАСТРУКТУРНИОТ ПЛАН ОД 1,2 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЈДЕН Е УСВОЕН ВО СЕНАТОТ СО ГОЛЕМО МНОЗИНСТВО

0
1235

Американскиот Сенат со големо мнозинство го одобри планот на американскиот претседател Џо Бајден за инвестирање 1,2 трилиони долари во инфраструктурата. Преостанува уште законот да биде усвоен и во Претставничкиот дом за да стапи на сила.

Овој историски план за САД е усвоен со 69 гласови “за” и 30 “против”. Поддршка дадоа и повеќе од една третина од републиканците што е реткост во Конгресот. Законот ќе оди во Претставничкиот дом каде што неговата ќе биде понеизвесно, бидејќи постојат несогласувања во редовите на демократите и тоа меѓу левото крило и центристите. Конечното гласање во Конгресот треба да се одржи дури наесен

Компромисот меѓу демократите и некои републиканци предвидува планот за инвестиции во инфраструктура да изнесува 550 милијарди американски долари за патишта, мостови, транспорт, широкопојасен интернет и борба против климатските промени.