Сопствениците на локалите на Кејот ја поздравуваат одлуката на Центар

0
941

zernovski.kej

Сопствениците на угостителските објекти на кејот ја поздравија одлуката на градоначалникот и советот на општина Центар, со која се става забрана за градба на проектираната улица од страна на Град Скопје како времена мерка која ќе овозможи изнаоѓање на трајно и соодветно решение за сите граѓани.

„Ги повикуваме сите засегнати институции (двата градоначалници Трајановски Жерновски) како и стручната јавност и граѓаните, активно да се приклучат кон оваа иницијатива за изнаоѓање на трајно решение бидејќи кејот е јавен простор кој го користиме сите. Изградба на планираната улица како што е моментално предвидена целосно би го уништила кејот и би го попречила слободнотo движење на граѓаните“– стои во соопштението од сопствениците.

Тие потенцираат дека на ова најмаркантно шеталиште дневно поминуваат повеќе од 10.000 (десет илјади) гости и туристи кој уживаат во уникатниот поглед на градот и знаменитостите. Велат дека отпорот кон оваа одлука е огромен од граѓаните кој секојдневно ги уживаат благодетите на кејот 13 Ноември. Ова здружение ги претставува повеќе од дваесетина сопственици/ закупци на кејот како и повеќе од 500 (петстотини) вработени кој директно се загрозени со првичната одлука. Со изведбата на улицата по одлуката на градот Скопје се наштетува и на работата на над илјада директни добавувачи/кооперанти.