МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТРЕНЕР ОД САД, НИК ДИМИТРИЕВСКИ КОЈ Е ДИРЕКТОР НА АКАДЕМИЈАТА И ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ФК КЛУБОТ НА БРАЈАТ И СТРЕТОН НА КОЛЕЏОТ ВО СИРАКУЗА, ЊУЈОРК СО ПОДДРШКА ЗА ВИЗИЈАТА НА КОНДОВСКИ ЗА РЕАНИМИРАЊЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР

0
685

Кога до мене стигнува поддршка од луѓе кои добро ме познаваат и особено кога таа е јавно изразена, тогаш знам дека сум на вистинскиот пат! Среќен сум што таква потврда добив за мојата визија за реанимирање на ФК Пелистер!

Со овие зборови кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски се заблагодари на поддршката, од како што рече, неговиот драг пријател и врвен спортски професионалец, Ник Димитриевски, Директор на академијата и шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб на Брајант & Стретон колеџот во Сиракуза, Њујорк.

„Овој почитуван спортски професионалец, Македонец по потекло од Битола, кој остварувајќи успешна кариера како фудбалски тренер во САД, е заслужен што тимовите кои ги предводи се повеќекратнии американски колеџ шампиони. Особено ја ценам неговата поддршка за мојата и визијата на битолчани за развој на спортот во Битола и реанимирање на најголемата битолска спортска гордост, ФК Пелистер!“- вели Кондовски.