СДСМ ЗРНОВЦИ ДОНИРАШЕ КОМПЈУТЕРИ НА ДЕЦАТА ОД СИРОМАШНИ СЕМЕЈСТВА ВО ОПШТИНАТА

0
826

Учењето не смее да биде привилегија на едни или одземено на други. Сите деца еднакво вредат и без разлика на условите и ситуацијата мораме да се потрудиме тие да бидат целосно вклучени во наставниот процес како и да е организиран. За таа цел да им се овозможи редовно следење на on line наставата во услови на пандемија, ОО СДСМ Зрновци донираше таблети на оние на кои им е најпотребно во моментот. #бидихумандонирај