НОВА ХИРУРШКА МЕТОДА ВО МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО, ФИЛИПЧЕ: УСПЕШНО ВГРАДЕН ЕЛЕКТРИЧЕН СТИМУЛАТОР НА НЕРВОТ ВАГУС КАЈ ПАЦИЕНТКА СО ТЕШКА ЕПИЛЕПСИЈА

0
905

“Уште еден голем чекор напред за македонското здравство. Денеска, заедно со д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија, неврохирургот д-р Владимир Рендевски, невролозите од Клиника за неврологија, д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, за прв пат изведовме операција во нашата земја за вградување на стимулатор на нервот вагус кај 36-годишна пациентка.

Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови. Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот со што се намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие паценти знаат да бидат и по десетина на ден. Во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија.
Министерството за здравство заедно со ФЗО на РСМ оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија. Со ова го подобруваме животот на овие пациенти, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција, се разбуди и добро се чувствува.”
– ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ