ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЌЕ ПОВИКА НА НАРОДЕН ОТПОР ПРОТИВ ВЛАСТА

0
1077

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја радикализира реториката. Тој вечерва ја повика власта да седнат и да се договорат за предвремени избори, а ако не ќе повика на народен отпор за промена на Владата.

-Ако се одговорни и ако им мислат добро на граѓаните и на Македонија, треба да седнеме на  лидерска средба, да ги договориме правилата на играта и да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски  во емисијата „Само интервју“ и додаде:

-Ние повикавме на еден општ фронт, општествена поддршка, мобилизација на граѓаните…Има неколку начини да се дојде до предвремени парламентарни избори. Ја разработуваме стратегијата, институционална и вонинституционална. Ние ќе продолжиме и понатаму да правиме притисок и да бараме предвремени парламентарни избори затоа што тоа е добро за државата, рече Мицкоски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, Мицкоски  одговори потврдно изјавувајќи дека она што е на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен.