БОМБА НА АДВОКАТОТ НА ЧАВКОВ, ЕВЕ ЗОШТО САКАЛ ДА БЕГА: СЕ ПЛАШИМЕ ДЕКА ВО ПЕТОК ТОЈ ЌЕ БИДЕ ОСУДЕН НА ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД НАД 15 ГОДИНИ!!!

0
2253

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков сакал да бега во неговата вила на Халкидики. Ова, според телевизијата ТВ21, стоело во одлуката по која вечерва е побаран притвор за  Чавков.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски за телевизијата Телма вели дека невообичаено е два дена пред пресуда да се определи притвор врз основа на службена белешка.

– Некаков си близок пријател на Чавков му кажал сосема случајно на некојси припадник на единицата „Алфи“, дека Митко Чавков има вила на Халкидики, не во Република Грција него во Халкидики, па се спремал да избега. Сето тоа е на 12-ти денеска и експресно врз основа на службена белешка, значи без никаква реална околност, било каков обид за бегство или нешто друго да е направено, туку врз основа на службена белешка која за судот беше доволна да определи притвор. Она што е многу битно да се потенцира, Митко Чавков беше на слобода со прифатена гаранција од 600.000 евра, не во пари туку во недвижнини, на членови на неговото најблиско семејство. Дали некој нормален може да смета дека тој ќе се даде во бегство и ќе ги остави неговите најблиски на улица – изјави Дуковски.

Неговиот адвокат додава дека како што вели тој пресудата била донесена и дека Митко Чавков в петок ќе биде осуден на драконска казна од над 14 години затвор.