КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ТРГОВЦИТЕ ОД ИСТОКОТ, ЗАЕВ: ЗАПОЧНУВАМЕ ИЗГРАДБА НА ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВИНИЦА

0
233
Vinica

“Денеска го означивме стартот на работите на еден од најзначајните капитални проекти за Виница, за граѓаните на општината и за сите околни места – изградба на Градски пазар во Виница.

Изградбата на новиот градски пазар во Виница е од интерес и за регионот бидејќи неспорно е дека се создава пазаришен центар кој ќе биде од интерес на земјоделските производители и трговците од целиот регион.
Новиот градски пазар во Виница доаѓа како одговор на искажаниот интерес на граѓаните на Општината. За нас на прво место се приоритетите на граѓаните и затоа го исполнуваме тоа што со години го ветуваа претходниците.”
– ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ