НА ПРЕСПА ФОРУМОТ ЗА ДИЈАЛОГ НА ПРВИ ЈУЛИ СЕ НАЈАВЕНИ 300 ВИСОКИ ГОСТИ ОД РЕГИОНОТ И МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

0
1087

“Околу триста учесници од целиот регион и меѓународната заедница, меѓу кои премиери, претседатели, министри и генерални секретари ќе учествуваат на Преспа форумот за дијалог насловен “”Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи на 1 и 2 јуни годинава во Охрид и Отешево.

Конференцијата официјално ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а говорници ќе бидат поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција, Метју Нимиц, претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, еврокомесарот Јоханес Хан, поранешната еврокомесарка Федерика Могерини, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа итн.

Во првиот дел ќе се одржат повеќе сесии, посветени на економијата и бизнис соработката, граѓанското општество и медиумите во регинот и во процесот на европската интеграција. Акцент ќе се стави на младите и нивната визија за иднината на регионот на Југоисточна Европпа, потоа за жените, мирот и стабилноста, за градењето доверба преку дијалог, како и за улогата на Западниот Балкан во иднината на Европа и поуките од долгогодишните спорови во Југоисточна Европа.

На конференцијата ќе учествуваат и специјалниот претставник на САД за Балканот, Метју Палмер, претседателот Стево Пендаровски, како и претседателите на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и на Словенија Борут Пахор, премиерите на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, на Албанија Еди Рама и други.

“Преспа форумот за дијалог е платформа за нашата приказна гласно да зборува во целиот свет, а целта е промоција на демократскиот дијалог низ примерите на Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија кои не се конечни решенија, туку се рамка за уредување на одредени прашања кои понатаму се прилагодуваат на тековните случувања” – рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.