По средбата со Заев, лидерите на заедничка средба со Хан

0
1281

zaev-przino-2

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Тој е во придружба на Радмила Шекеринска, Рената Десковска, Дамјан Манчевски и на Оливер Спасовски, пренесува „Мета“.

Претходно, еврокомесарот Хан се сретна со премиерот Никола Груевски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во придружба на Груевски беа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заменик-министерот за правда, Билјана Бришковска, министерот за здравство, Никола Тодоров, и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер.

По билатералните средби, за 18 часот е закажана лидерска средба на еврокомесарот со претседателите на четирите најголеми партии во Македонија.