И БУГАРИЈА ЗАСТАНА НА СТРАНАТА НА УНГАРИЈА ЗА ЗАКОНОТ ПРОТИВ ЛГБТ КАКО ПАРАВАН ЗА ЗАШТИТА НА СЕМЕЈСТВОТО И ПРАВАТА НА ДЕЦАТА

0
996

Бугарскиот претседател, Румен Радев по завршувањето на Европскиот совет во Брисел го поддржа хомофобичниот закон на Виктор Орбан.

“Осудата на Унгарија нема да го реши проблемот” – беше ставот на претседателот Румен Радев. За време на дебатата, тој повика европските вредности како што се слободата, толеранцијата и човечкото достоинство да не се користат како клишеа.

“Правото на самоопределување е основна вредност и мора да се запази, но никој нема право да им го наметнува на другите, своето разбирање и поглед на светот. Затоа го повикав премиерот Орбан да ги сподели не само деталите за овој закон, туку и мотивите и причините за нивното донесување. Орбан јасно стави до знаење дека тие веруваат дека овој закон има за цел да ги заштити правата на детето и семејството” – изјави Румен Радев.

Орбан копираше руски закон против јавно ширење информации за хомосексуалци кај адолесценти, кој што датира од 2013 година но ги спакува и ги претстави како закон против педофилија. На овој начин, неговата партија Фидес ги изедначува различните сексуални ориентации со злосторства како што се сексуални напади врз деца.