ЕПА АЈДЕ ШТОМ Е ТАКА ПОЧНИ ОД БЕЛАТА ПАЛАТА И ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ ОД 56 МИЛИОНИ ЕВРА – МИЦКОСКИ : СЕ ШТО Е УКРАДЕНО ЌЕ МУ ГО ВРАТИМЕ НА НАРОДОТ

0
665

Мачно е кога гледам како функционери од власта се ухлебени паразити кои живеат од потта на чесниот народ и земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата. Нивните имиња не се ни знаат, но тие ги држат паразитски функциите на десетиците институции од кои дебело се платени, додека тутунарите немаат откуп, додека оризарите протестираат, додека студентите се гладни.

Функционери од власта криеле имоти, луѓе од власта земаат месечна плата за која народот работи по цела година. Затоа ви ветувам и на паразитите и на тајните имоти мора да дојде крај, и во првите месеци по преземањето на власта ќе ги испитаме ситѕе овие скриени имоти и ќе бараме потекло за истите. А, оние тајни имоти нечесно стекнати во годините на криминал, истите ќе бидат одземени и парите ќе бидат вратени во буџетот, а од буџетот за народот. Тоа е она за кое што ВМРО-ДПМНЕ се залага и тоа е онаа политика за која што ВМРО-ДПМНЕ се бори.