МИЦКОСКИ СО ЧАМЧЕ МУАБЕТ ПРЕД МЛАДИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ : РАСКАЖУВАШЕ РЕКЛА КАЗАЛА ПРИКАЗНИ ШТО СЕ ЗБОРУВАЛО ВО СОФИЈА ЗА КОВАЧЕВСКИ

0
413

Денешното ВМРО-ДПМНЕ сме најкритикувани во Бугарија, а Владата на СДСМ, Заев и Ковачевски првите кои се договорија прифаќајќи сè што побара Софија. Дури од таму извори велат дека Ковачевски е подобар Бугарин дури и од Зоран Заев.

Барем овој претходникот глумел непопустливост и купувал неколку недели пред да стави параф на бугарскиот договор, а Ковачевски експресно без забелешки потпишувал сè што Бугарија ќе му стави на маса, и тамошната Влада, тој веднаш си седнувал и си потпишувал.

Па тамошниот претседател и политичарите велеле сега му е мајката да добиеме 100-0, сето она што досега не го добивме во историска смисла на зборот, сега му е мајката. Досегашниве години власт тоа и го потврдуваат. Бугарите си имаат ас во нашата политика, неговото име и презиме се Димитар Ковачевски, кој лажно ме обвинува дека стојам зад клубовите кои се отворија и се дозволија под негова власт и во негово време.