(ВИДЕО) Шилегов: Кривичниот совет да го укине незаконското решение на Поп Стефанија

0
1609

СДСМ обвини дека решението донесено од судијката Александра Поп Стефанија да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување е наезаконско.

Портапролот на партијата, Петре Шилегов, денеска побара Кривичниот суд на основниот суд Скопје 1 да го укине ова решение поради процесни грешки, меѓутоа и заради неправилности и незаконитости на решението.

– Откако ќе се укине ова незаконско решение предметот за уништување на опремата за незаконско прислушување треба да се додели на судија кој суди во делот за организиран криминал. Претседателот на судот, Владимир Панчевски има обврска да ја почитува одлуката на Судскиот совет и треба да ја врати Поп Стефанија во Одделот за прекршоци и на нејзино место да назначи судија од редот на судиите од Основен суд Скопје 1.Судски совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп Стефанија што донесе решение спротивно на законот – рече на дененешната прес-конференција Шилегов.

Тој потсети дека е незаконски е назначена во Одделот за организиран криминал, од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски што е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и Правилникот за работа на Судот.

– Со одлука на Судски совет вкупно 7 судии од судовите во Македонија се делегирани во Одделот за прекршоци во Основниот суд Скопје 1.Тројца од Тетово, тројца од Куманово и Александра Поп Стефанија од Неготино.До ден денеска, шест од овие судии се уште судат во Одделот за прекршоци.Единстено Поп Стефанија, пред два месеци, непосредно пред криминалната аболиција на Иванов, незаконски е назначена во Одделот за организиран криминал, од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски.Ова назначување на Поп Стефанија за судија во организиран криминал е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и Правилникот за работа на Судот- рече Шилегов.