ФЕЈК ЛЕВИЦА БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД СДСМ, КРМОВ: ПАСОШИ ИМ СЕ ДАВАЛЕ НА ЛИЦА ОД МАФИЈАТА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА СО ЗНАЕЊЕ НА ВЛАСТА

0
902

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов искажа тешки обвинувања и инсинуации против СДСМ за време на гостувањето во емисијата “Само вистина”. Директно ја обвини власта на СДСМ дека била инкриминирана со аферата за издавање пасоши на балкански наркобосови како и за пробиената акција во селото Грчец. Рече дека министерот Спасовски требал однапред да знае со кои лица ќе седи на маса а не да избегнува одговорност откако и тие лица имале земено пасоши нелегално.

Ги обвини и порталите и невладиниот сектор кои што комплетно ја штителе власта а сегашните афери ги премолчуваат или им даваат понизок ранг на приоритет при информирањето на јавноста. Притоа напомена дека учеството во Шарената револуција на нивните приврзаници траело додека не се вклучила СДСМ и со тоа индиректно потврди интересот на Левица бил само политички да ги инструментализираат протестите додека можеле.

Рече дека најслаби сме како држава и за борбата против короната, како и за планот за имунизација на населението. Рече дека министерот за здравство се однесува стихијно и ад хок во мерките што ги предлага за решавање на кризата. Според него, за 4 месеци додека не сме добиле вакцини, навреме не се однеле фрижидери за вакцини во сите други градови туку сега ќе носат луѓе само за вакцинирање во Скопје. Обвини дека власта е несериозна бидејќи во ек на пандемијата, премиерот и министрите си се возеле со квадрицикли и за сето ова побара одговорност.

Крмов потенцира дека очекува Левица да јакне политички и дека нема намера за коалиција ниту со СДСМ ниту со ВМРО-ДПМНЕ.