БЕЗ ПОГУБНАТА ГРУЕВИСТИЧКА МАТРИЦА НЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ, АЦО СТАНКОВСКИ: ГРУЕВСКИ БЕШЕ ГРАДИТЕЛ, А ШИЛЕГОВ ЌЕ НИ ГО РУШИ БУКЕФАЛ НА ПЛОШТАД

0
1593

Во комичното гостување на режимскиот уметник, Ацо Станковски во емисијата “Што не е јасно?” повторно го глорифицираше наследството на екс режимот а притоа ја оцрнуваше власта на СДСМ.

Ја обвини СДСМ дека е длабоко вмешана во валканите бизниси со дрога преку издавањето на лажните пасоши на наркобосовите и дека неминовно наскоро ќе биде крај на владеењето на денешната власт. Рече дека и ова зло на крај ќе заврши со добро и дека ниту меѓународната заедница нема да може да го заштити СДСМ за да би останале подолго на власт.

Истовремено тврдеше дека во времето на Груевски масовно се градело и така Скопје добил нов и модерен лик. Дури и се обновувале и објекти од поранешната комунистичка власт со цел Скопје да заличи на модерна метропола. Наспроти потфатите на власта на Груевски, го посочи сегашниот градоначалник Шилегов дека знаел само да се занимава со криминали и да руши. Според него, би била непроценлива загуба ако се реализира најавата од Шилегов за да се руши Букефал на плоштад.

Очекува дека фејк Левица ќе ги соберат левичарски гласови поради незадоволство од СДСМ поради уништувачките тенденции што ги имаат до ден денес. Смета дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да биде толку сервилна кон надворешниот фактор туку да биде конзервативна и патриотска партија која што треба да го држи монополот на десните гласови.