МИЦЕВСКИ ДО ЏАФЕРИ : НЕ СЕ ИЗЖИВУВАЈТЕ И НЕ ИСКЛУЧУВАЈТЕ МИКРОФОНИ

0
983

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница вели дека нивната пратеничка група има поднесено 10 законски решенија, но се уште истите не се преведени од страна на собраниските служби, иако законските три дена поминале.

„Десет закони ви имаме предложено во време. Тоа не е наша грешка што тие десет закони не сте ги превиделе. Вие имате обврска тоа да го преведете и да го доставите до пратениците. Да не се изживувате тука. Ќе гласате, нема да гласате, и ќе исклучувате микрофони. Штом ви го има предложено по тој член, членот дозволува 10 минутно образлагање на тоа и ќе дозволите, 10 минутно да се образложи. Немојте да злоупотребувате и да кршите Деловник, и да се однесувате како да сте дома, му порача Мицевски на претседателот на Собранието Џафери.