МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: ЗАПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ

0
705

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение како дел од масовното вакцинирање во салата “Борис Трајковски”.

Вакцинацијата на наставниците започна од вчерашниот ден и продолжува во наредниот период. Станува збор за етапно вакцинирање при што од страна на здравствените работници се повикуваат наставниците со однапред закажан термин и час. Министерството за образование и наука апелира наставниците да се пријавуваат за вакцинација со цел побрзо сузбивање на корона вирусот.

Состојбата во образование со корона вирусот е стабилна и хибридниот модел на настава кој се применува се покажа како ефективен за заштита на учениците и наставниците од ширење на Ковид во училиштата.