КОНЗИСТЕНТНА ПОДДРШКА ОД ГЕРМАНИЈА, ХАЈКО МАС: БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ МЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ТРЕБА ДА СЕ РЕШАВААТ НАДВОР ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

0
1023

“Северна Македонија и Албанија постигнаа одржлив напредок во реформите во правдата и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Во Договорот од Преспа, Скопје и Атина покажаа историско политичко лидерство” – порача денес на состанокот со министрите од регионот, германскиот шеф на дипломатијата Хајко Мас.

“Пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да започнат сега. Му благодарам на португалското претседателство што ја презеде оваа задача, ја има нашата целосна поддршка” – порача Мас на состанокот.

“На сите им е јасно дека домашната политика може да го ограничи маневарскиот простор во надворешната политика. И разбираме дека прашањата за историјата и идентитетот се деликатни. Но ваквите билатерални прашања не треба да го попречуваат целиот процес на пристапување. Сите нации низ Европа носат историски товар. Но, историјата не треба да биде пречка за градење на заедничка иднина” – рече Мас.