ВЕТЕНО, СТОРЕНО – ЃОРЃИЕВСКИ : ПОСТАВЕНА Е МЕРНА СТАНИЦА ВО ДВОРОТ АН ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ – СЕГА ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ НА ПОТЕГ!

0
220

Денес исполнуваме уште едно ветување од мојата предизборна програма, кое што на нашите жители ќе им обезбеди увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

🫡 Како локална самоуправа, правиме сѐ што е во рамки на нашите ингеренции за на граѓаните да им обезбедиме поквалитетен воздух и подобра еколошка средина.

☝️ На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на градот Скопје и на централната власт преку своите ресорни Министерства, кои имаат ингеренции над овој индустриски капацитет, бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде на прво место.

🔙 Во изминатите две години, ја ставивме во функција мерната станица кај Домот на култура ,,Билјана Беличанец”, секоја година по неколку пати организираме масовни акции за пошумување, доделуваме субвенции за набавка на печки на пелети и на пелети како еколошки енергенс, интензивно работиме на имплементација на проекти за енергетска ефикасност.

💰Во Буџетот за 2024 година предвидовме средства и за набавка на фотоволтаици, со што ќе се штеди енергија, парични средства и ќе се намали загадувањето.

Заштедата исто така може да се искористи во нови инвестиции за еколошки проекти.

🏕️ Говорејќи за проектите за заштита на животната средина, сакам да потенцирам дека во Буџетот на Општина Кисела Вода за претстојната 2024-та, како никогаш досега, акцент е ставен токму на оваа сфера.

Мерната станица поставена во близина на Цементарница Усје АД е уште една потврда дека Кисела Вода работи на обезбедување на најдоброто за своите жители и повторно апелираме за поголема свесност кај институциите кои имаат директна надлежност околу решавањето на овие горливи проблеми што директно го задираат здравјето и животот на граѓаните.

#orcegjorgjiegski #големиидеизасериознипромени

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.