ЃОРЃИЕВСКИ : УПЛАТИВ 30.000 ДЕНАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕО!

0
512

❤️ Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео!

🫵🏼 На почеток, морам да кажам дека Благојчо е еден од многуте херои кои ги има Македонија, човек со големо срце на кој му се поклонувам.

☝️Вчера ја видов неговата објава каде што го продава својот инвалиден скутер кој му е неопходен, само за малиот Лео Индов да стане на нозе.

🧑‍🦼Го продава, бидејќи државата е глува и се лечиме со смс пораки.

😞 Народот е оставен сам на себе.

Но, секогаш се сплотуваме и испишавме многу успешни приказни досега.

🫡 Објавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце само Лео да оздрави.

❗️ Не Бажо, нема да се туркаш на раце.

Скутерот ќе остане за тебе а ќе го станеме и Лео на нозе.
Сплотени!

🗣️ Ги повикувам сите мои колеги, сите добронамерници да донираат за Лео, онолку колку што можат.

Немаме време за чекање. Лео мора да оздрави!

❤️ Бог да е со нас!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.