ОБВИНЕТИТЕ ЗА ,,ТИТАНИК” ОТКАКО ПРИЗНАА ВИНА СУДИЈАТА ОД ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД ГИ ПРОЧИТА ПО ИМЕ СИТЕ 625 ЛУЃЕ КОИ ГИ ДОВЛЕЧКАЛЕ ОД ПУСТЕЦ ДОДЕКА ПРОТОЃЕР ДОБИ УСЛОВНА КАЗНА ВО „ТИТАНИК”, МИЛЕ 4,5 ГОДИНИ ЗАТВОР, А ЈАНКУЛОСКА 2,5 ГОДИНИ ЗАТВОРСКА КАЗНА

0
1914

Од изрекувањето на пресудата во Основниот кривичен суд. (Фото: МИА/принтскрин)

Откако на 11 февруари признаа вина за дел од кривичните дела за кои се обвинети во најголемиот предмет на поранешното СЈО „Титаник” за манипулации во над три изборни циклуси, судијата Осман Шабани од Основниот кривичен суд Скопје денеска им изрече затворски казни на Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, додека Мартин Протоѓер доби условна казна затвор од две години, колку што доби и Билјана Бришковска-Бошковски.

Миле Јанакиески доби најголема казна – 4,5 години затвор. Коста Митровски е казнет со тригодишна затворска казна. Гордана Јанкулоска е осудена на единствена казна од 2,5 месеци затвор. Мунир Пепиќ доби една година затвор. Киро Тодоровски, поранешен шеф на кабинетот на Јанкулоска, доби условна казна од две години, исто како и Катерина Веловска.

Виновни се за злосторничко здружување формирано од Никола Груевски за изборни нерегуларности во 2011 и во 2013 година за парламентарни и локални избори.

Судијата Шабани во судницата читаше одделно што правеле обвинетите: кражба на лични податоци на граѓани за да ги присилуваат граѓаните да гласаат, некои да не гласаат, па им се заканувале на денот на избори да не излегуваат да гласаат, други ги терале да донираат незаконски за партијата, трети краделе избирачки материјали ..

Но, тој изненади кога долго време ги читаше увезените гласачи од Пустец и помал дел од Косово по име и презиме, сите до еден 625 лица. Злосторничкото здружение ги донело, им дале на незаконит начин лични карти, ги распоредиле во Избирачкиот список како жители на Центар, Кичево и Ресен, т.е. на места каде фалеле гласачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради пресудата од прв степен што ја доби денеска во „Титаник” во траење од 4 години и шест месеци, но и поради пресудата од 6 години и три месеци во „Организатори на 27 април”, обвинителката Лиле Стефанова побара куќен притвор за Миле Јанакиески, поради опасност од бегство.

Стефанова ја побара оваа мерка и поради тоа, како што рече, дека се водат постапки и по други обвиненија. Куќен, а не ефективен, бидејќи рече дека има разбирање за неговата здравствена состојба.

Одлуката судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев одлуката ќе ја соопштат подоцна.

Првообвинет во „Титаник“, творец и организатор на злосторничкото здружение, е избеганиот Никола Груевски, обвинет дополнително и за повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

За останатите обвинети кои не се чувствуваат виновни, меѓу кои Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите, судењето продолжува на 9 март.

Во „Титаник“ има 20-тина обвинети. Првостепено осудените кои признаа дел од вината, не го признаа делото за незаконско финансирање, каде што им се закануваат затворски казни.

Извор : СДК.МК