РЕНОМИРАНИОТ ,,ФОКУС” СО ХАРДКОР СООПШТЕНИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ТОРПЕДИРА СДСМ, ВРИЕ ОД ВМРОВСКИ СООПШТЕНИЈА НА СКОРО СЕКОИ ПЕТ МИНУТИ, АКО ПРОДОЛЖИ ВАКА ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО САЈТОТ ДУДИНКА НА МИЛЕНКО

0
470

Веќе претходно направивме објава за тоа дека некогашниот угледен и реномиран весник ,,Фокус” а сега веќе и на интернет се повеќе наликува на партиски бот на ВМРО-ДПМНЕ кој последните денови води тешка харанга против градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска но овој пат харангата во вид на хардкор соопштенија е се вперено кон СДСМ.

Веќе станува невозможно да не се забележи таа харанга и таа медиумска артилерија по социјалните мрежи од страна на ,,Фокус” кој хронолошки гледано повеќе од очигледно е дека последните месеци води вмровска хајка против Арсовска и СДСМ отколку што тоа беше реален медиум со реални критики и кон СДСМ и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон локалните власти.

Па вакви партиски ВМРО соопштенија нема ни на Курир, Република и Сител. Ако продолжат вака како тргнале уште малку ќе го стигнат ,,Дудинка” на Миленко во харангата против СДСМ.