(ВИДЕО) Ова се прашањата на кои Ставрески ќе треба да одговори пред пратениците во Анкетната комисија

0
1406

Претседателот на Анкетната комисија за истражување на незаконското прислушување, Петре Шилегов, денеска пред почетокот на седницата на која се сослушува министерот за финансии, Зоран Ставрески, ги прочита прашањата што ќе му бидат поставени, поради тоа што Ставрески побарал да зборува тајно.

– Го повикувам уште еднаш Ставревски, да не бега од граѓаните. Ова се прашањата, во нив нема ништо тајно и затоа слободно може да дојде – рече Шилегов.

Ова се прашањата од СДСМ за Ставрески:
1. Дали е ваш гласот на аудио материјалите?

2. Дали некој од вашите разговори е неавтентичен и кој?

3. Дали во прислушуваните материјали ги препознавте гласовите на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиевски и Сашо Мијалков?

4. Во разговорите велите дека градоначалникот на Битола Владимир Талевски е криминалец и наведувате конкретни причини за тоа? Зошто не инициравте кривична пријава против него? Тоа ве прави соучесник.

5. Зошто станот на улица Димче Мирчев го имате купено на име на ваш близок роднина, а не на ваше име?

6. Велите дека Груевски ги терал Пешевски и Јанакиевски да направат нешто незаконски и да потпишат со Кинезите? Во таа прилика велите дека тој изгубил контакт со реалноста. Ги чувте и разговорите меѓу Груевски и Јанакиевски за митото кое го бараа од Кинезите. Дали бевте информиран дека Груевски и Јанакиевски бараат 16 милиони евра мито од нив?

7. Јанкулоска ургирала за вас кај Зврлевски да ја отфрли кривичната пријава против вас. На кој начин им возвративте за ова кршење на законот?

8. МВР набавувало 600.000 евра вреден мерцедес за Груевски кој морал да биде криен за да не го видат граѓаните и новинарите. Што ќе изјавите како министер за финансии поради фактот дека Груевски во разговор со Јанкулоска го избира победникот и пред тендерот да е готов, па во шифри и вели: ‘тоа на м”?

9. На кого точно мислевте кога рековте: „Ние сме лудаци“?

10. Дали се уште мислите дека трошиме за чоколади, а немаме леб да јадеме?