КОВАЧЕВСКИ : СО ДОБРИ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ОДРЖУВАМЕ МАКРОЕКОНОМСКА СОСТОЈБА И ЈАВЕН ДОЛГ

0
415

Со добри економски политики одржуваме стабилната макроекономска состојба и јавен долг кој е под нивотo на земјите од регионот, а имаме и валута која со години ја одржуваме стабилна, порача премиерот Димитар Ковачевски на Инвестицискиот самит за Западен Балкан 2022 година, што денеска се одржува во Лондон во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Тој напоменува дека атрактивните стимулативни мерки за инвестирање се покажаа како посебно атрактивни за инвеститорите кои доаѓаат од автомобилската и ИТ индустријата.

-За нас, инвестициите во иновации и дигитална економија се важни и затоа особено се добредојдени вложувањата во ИТ секторот за кој постои огромен интерес за работа.
Северна Македонија е атрактивна дестинација за инвеститорите, порачав утрово на годинешниот Инвестициски самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан во Лондон кој започна денеска.Една од клучните работи кои ги разговаравме беше и заложбата за енергетска независност и стабилизација на пазарот преку целосна транзиција кон чисти енергетски капацитети, за што Северна Македонија има јасен план и веќе преземени важни чекори, вели Ковачевски.