(ВИДЕО) СУДСТВОТО КОРНЕ НА ВМРОВЦИ И РЕКЕТАРИ : Вработена во скопски суд зема 6500 евра за да договори пресуда!

0
1614

На видео кое го објави Досие.мк. вработена во Основен суд во Скопје како договара и зема поткуп за да договори пресуда. Се работи за вработена во оддел за стопански спорови.

Вработената од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне односно да биде укината. Семејството се согласило и и дале пари кои таа ги ставила во џеб, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење, пишува Досие.мк

Осомничената која ја има на видеото и самата погледнува дали некој ја снима. Видеото не застанува тука има и дел каде таа споменува имиња на судии кои одлучувале по предметот но според странките никогаш ниту побарале ниту зеле пари ниту имаат некаква конекција со осмомничената. Според извори од скопските судови и друг пат била замешана во слични нелегални активности.