(ВИДЕО)Сугаревски: Јавното опструирање на работата на специјалното обвинителство е доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем со вистината и правдата

0
1251

Денеска ВМРО-ДПМНЕ продолжи со директно кршење на договорот од Пржино, со тоа што пратениците од оваа партија гласаа против законот за Специјалното јавно обвинителство, е ставот на пратеникот Горан Сугаревски од СДСМ.

– Јавното опструирање на работата на специјалното Јавно обвинителство е доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем со вистината и правдата. Никола Груевски се плаши од соочување со сопствената одговорност за сите овие 10 години. Се плаши од потврдата дека оваа власт прислушувала граѓани 10 години, рече Сугаревски.

Тој напишал писмо до сите координатори на ратенички групи со кое ги информирал дека СДСМ е подготвен сите четири партии заеднички да го предложат законот за и тој закон да дојде во собраниска процедура.

– ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА нека објаснат зошто не е прифатен овој закон. СДСМ не смени ни запирка таму. Катица Јанева без овој закон не може да работи, тој требаше да се донесе по итна постапка, за тоа се апелираше уште пред неколку месеци и од партиите и од меѓународната заедница. Но, за жал ВМРО-ДПМНЕ, не сакаат со криминалот да се соочат, рече Сугаревски.

Според СДСМ, тие ги почитувале се што е договорено во Пржино, но освен указот за законот за специјалното јавно обвинителство што итно се носел во Црна Гора да го потпише претседателот Иванов, ВМРО-ДПМНЕ не почитува ништо друго.

– Видете кога требаше да се избере ДИК, видете Анкетната комисија на кој начин функционира, не заради Петре Шилегов, туку благодарение на Груевски и на сите министри, кои или не доаѓаат, или се кријат тука. ДИК требаше да биде избрана во септември, досега требаше да определи методологија за чистење на избирачкиот список. Специјалното јавно обвинителство е дел од договорот од Пржино, требаше сите страни да му се овозможат на Специјалното јавно обвинителство да функционира. Тие еден саат да можат – купуваат, ден, месец. Сакаат нови криминални избори, но се лажат дека ќе ги добијат.

Сугаревски рече дека не очекувал дека владата ќе помогне да се донесе овој закон, но направил обид за координација помеѓу пратеничките групи во Собранието.

– Како и за другите закони договорени во Пржино и за овој направивме обид со координаторите, но тие не одговорија на поканата заедничи да донесеме закон и затоа пратеничката група на СДСМ го поднесе предлогот за законот., рече Сугаревски.

Тој рече дека измислица на ВМРО-ДПМНЕ е дека СДСМ сака одложување на изборите.

– Гледаме како овие преговори одат во недоглед, не може само рокот 24 април да важи, а сите други да не важат. Тие тоа сакаат да го направат – со неисчистен избирачки список да се оди на избори. Тоа нема да се случи, починати луѓе или дека ќе гласаат луѓе со туѓи идентитети.

СДСМ нема да присуствуваат на обраќањето на претседателот Иванов во Собранието, бидејќи како што рекоа, тој не е за нив претседател зашто е избран на криминални и наместени избори.