БОМБА НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА, БОЈАН МАРИЧИЌ : МОЖНО Е ЦЕЛО ВМРО-ДПМНЕ ДА ГЛАСА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

0
3815

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека има пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот со што ќе се оствари нашата стратешка цел за членство во ЕУ.

Зборувајќи за уставните измени, Маричиќ во гостувањето на Телевизија 24, рече дека секој пратеник има одговорност, бидејќи е избран од граѓаните, да одговори на повикот за остварување на нашите стратешки цели.

– Членството во НАТО го постигнавме. Дел од пратениците тогаш од ВМРО-ДПМНЕ одговорија позитивно на тој повик. Ние веруваме дека е можно и цело ВМРО-ДПМНЕ, како партија да го направи тоа, доколку сака да го фати возот за поддршка на ЕУ. Го пропуштија тој воз за НАТО, не би требало да го пропуштат за ЕУ, изјави Маричиќ.

Повикот, нагласи Маричиќ, ќе го држиме активен и, рече дека ќе се обидуваат да работат со сите политички партии за остварување на овој консензус.

– Веруваме дека веќе имаме консензус за членство на Северна Македонија во ЕУ, изјави Маричиќ.