ОД ГРУЈО НАУЧИВМЕ ДЕКА ДЕЛЕЊЕТО ШАМАРИ Е САМО ПРЕКРШОК: ПОЛИТИЧКИ НЕЗАДОВОЛЕН ФРАНЦУЗИН МУ ВЛЕПИ ШЛАКАНИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАКРОН

0
878

Претседателот на Франција, Емануел Макрон при посета во внатрешноста на земјата и средба со народот, доби шлаканица од еден граѓанин. По инцидентот веднаш се уапсени две лица.

Настанот се случи во регионот Дром, во југоисточна Франција. Сакајќи да се поздрави со присутните, едно лице извикувајќи “Долу Макронија!” и претставувајќи се како анархист, му удри шлаканица на претседателот. Набрзо обезбедувањето реагираше и го неутрализира напаѓачот. Емануел Макрон потоа ги продолжи своите предвидени активности.