ЌЕ ИМА КОНСУЛТАЦИИ И СО СТРУЧНАТА ЈАВНОСТ И СО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, БОЧВАРСКИ: ЌЕ ПОДГОТВИМЕ НОВ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ДИВОГРАДБИТЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ

0
616

“Во моментов се прават консултации со Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, НВО секторот и со сите институции со што се креира ново законско решение за легализација на дивоградбите” – порача денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Очекува првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградби да биде готова за две недели која што ќе биде промовирана пред јавноста и во Собранието.

“Новото законско решение ќе ги содржи сите компоненти, кои што ќе значат поддршка на целни групи на наши граѓани, како што се нашите сограѓани кои изградиле свој кров над глава во семејни куќи и секако инфраструктурните објекти. Верувам дека и низ дебата ќе произлезат и сите оние аспекти, кои што се потребни да ги содржи овој закон. Работиме на ново законско решение” – вели Бочварски.

По изготвувањето на новиот Закон за легализација на дивоградби ќе следи и дебата со сите политички партии. Очекува да се донесе законот во интерес на граѓаните кои се од социјално ранливите групи, бидејќи доколку не му се даде зелено светло, во тој случај општините ќе мораат да ги уриваат ваквите домови кои се над 50 000.