ЕКСКЛУЗИВНО: Уште една БОМБА за режимот – Дури 40 отсто од сигурните гласачи на ДПМНЕ во „бастионот“ Св. Николе одбиваат со потпис да потврдат дека повторно ќе гласаат за владејачката партија!

0
2292

VMRO komunisticka

Дури 40 отсто од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кои на претходните парламентарни избори се изјасниле и потпишале на партиски список дека својот глас ќе го дадат за владејачката партија сега одбиле истото тоа да го сторат во Свети Николе, дознава „Мактел.“

Партиска активистка на ДПМНЕ од Свети Николе за „Мактел“ вели дека веќе две недели владејаката партија спроведува засилена партиска активност на регистрација на граѓани кои својот глас со сигруност ќе го дадат за владејачката партија. Таа вели дека работите на терен драматично се имаат променето, над 40 отсто од граѓаните, кои на претходните избори фигурирале на листата со сигурни гласачи сега одбиваат повторно да се потпишат и да гарантираат дека на изборите во април ќе гласаат за ДПМНЕ.

„На претходните парламентарни и претседателски избори во 2014 година, работите се одвиваа многу полесно. Без поглеми проблеми граѓаните се потпишуваа на списоците со сигурни гласачи, уште пред почетокот на изборната кампања имавме увид во расположениот на гласачите во Св.Николе. Отприлика знаевме колку ќе добие ВМРО-ДПМНЕ а колку СДСМ. Но сега работите не се исти, речиси секој втор од ланските списоци со сигурни гласачи сега одбива повторно да се потпише дека во април ќе гласа за нас“, вели активистката на ДПМНЕ која сака да остане анонимана за „Мактел.“

Ако се има во предвид дека Свети Николе важи за своевиден „бастион“ на ДПМНЕ, каде неколку изборни циклуси ја победуваше опозицијата во сооднос 2:1, може да се заклучи дека „бомбите“ на Заев и изборот на Катица Јанева за специјален обвинител внесуваат тектонски промени во расположениото кај галасачкото тело, не само во овој град туку и низ цела Македонија.

Претходно објавивме дека дека изборот на специјалниот јавен обвинител внесе паника во редовите на владејачката партија, поради што по општинските комитети се врши мобилизација на активистите, се вршат притисоци кон пасивни членови да се вклучат во партиска агитација, фрчат закани кон вработените во админситрацијата, посебно кон оние кои се вработени во образовните институции.