КАТАСТРОФАЛНА ОДЛУКА НА СВАРОВСКИ СУДСТВОТО: ОСЛОБОДЕНИ ОД ВИНА МИЈАЛКОВ И СИЛЕЏИИТЕ НА ПУКИ ЗА ТОРТУРАТА ВРЗ ЉУБЕ БОШКОСКИ

0
1141

Обвинителите од поранешното СЈО добија голем пораз од Сваровски мафијата откако судот ги ослободи од вина поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на единицата Алфа во спектакуларното апсење на одметнатиот од ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Бошкоски кој што беше тогаш лидер на партијата Обединети за Македонија.

Ваквата пресуда на судијката Александра Ристеска следеше откако таа побара да се преотвори главната расправа и доказната постапка, бидејќи за судот наводно не било јасно кој од обвинетите кои дејствија ги презел и со колкав интензитет.

Обвинителот Љубомир Лапе не предложи нови докази, велејќи дека сите важни факти биле целосно утврдени и фактичката состојба била јасна. Тој рече дека сите обвинети Алфи презеле дејствија и употребиле сила за непотребно да го легнат Бошкоски на земја и му впериле пиштол во уста додека камерите снимале и заеднички го сториле кривичното дело, мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Тие докази не биле доволни за судечкиот совет. Судијката Ристеска рече дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал основано сомнение дека тие биле виновни за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Обвинителот Лапе потоа на новинарите им изјави дека ќе вложат жалба и нагласи оти со пресудата се испраќа погрешна порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен и законит. Во модерните демократски и цивилизирани општества ваквиот начин на лишување од слобода е забранет и строго се санкционира. Судот не ги санкционира сторителите во ситуација на јасни и недвосмислени докази.