ПОРАДИ АНТИЧКОТО ЛУДИЛО НА ЕКС РЕЖИМОТ БЕВМЕ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА 500 МИЛИОНИ ЕВРА СО КАМАТА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО, БЕСИМИ: ДЕНЕС ЈА ОТПЛАТИВМЕ ЕВРООБВРЗНИЦАТА ОД 2014 ГОДИНА ПОРАДИ ТОА ШТО БУЏЕТОТ НИ Е ЛИКВИДЕН

0
950

Министерството за финансии информираше дека Република Северна Македонија денеска во целост ја исплати еврообврзницата од 2014 година и со тоа се раздолжи за 500 милиони евра. Со ова се докажува цврстата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање под 60% од БДП.

“Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со еврообврзницата земена во март годинава каматата е 8 милиони евра. Ова е исклучително важно за да создадеме јасна слика во каква кондиција е буџетот и како ги менаџираме сите програми што  се предвидени во време на криза” – рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Еврообврзницата на износ од 500 милиони евра  беше издадена во јули 2014 година со рок на доспевање од 7 години и со каматна стапка од 3,975%. Средствата за доспеаната еврообврзница се обезбедија преку новоиздадената еврообврзница во март годинава со рок од 7 години и историски најниска каматна стапка од 1,625%.