НОВИНАРКА НА ГЕРМАНСКАТА ТВ РТЛ СЕ МАЧКАЛА СО КАЛ И ГЛУМЕЛА КАКО ДА ПОМАГА ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА: ОТПУШТЕНА ОД РАБОТА ПОРАДИ НЕСОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ И ЗАБЛУДУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА

0
402

Новинарка од германската телевизија РТЛ доби отказ откако непрофесионално и несовесно известувала за подрачје погодено од поплавите во Германија.

“Чистење по поплавата: Новинарка на РТЛ помага да се расчисти Бад Мунстерајфел“ бил насловот на прилогот на новинарката Сузана Олен. Потоа се појави видео и од случаен очевидец, каде што се гледа како новинарката намерно се мачка со кал по лицето и облеката.

“Пристапот на нашата новинарка е во спротивност со нашите принципи и стандарди. Затоа ја отпуштивме новинарката веднаш штом дознавме што сторила” – се вели во соопштението на РТЛ.