ЈОВАНОСКИ : КАКО ПРИЛЕПЧАНЕЦ СЕ ГОРДЕАМ СО ИЗГРАДБАТА НА ОВОЈ СОВРЕМЕН И ЕВРОПСКИ БУЛЕВАР ВО ВРЕДНОСТ ОД 62 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

0
913

„Како прилепчанец, се гордеам на изградбата на овој современ булевар чијавредност изнесува 62 милиони денари, булевар со каков може ретко која друга општина да се пофали. Покрај надземната, направена е и подземна инфраструктура, со комплетна реконструкција на примарната и секундарната мрежа на овој дел од булеварот. Поставено е ново улично осветлување, изградени се 4 коловозни ленти, велосипедски патеки, широки тротоари со гранитни плочи и тактилни траки за лицата со оштетен вид. Овој булевар ќе остане и за генерациите кои доаѓаат“, изјави градоначалникот Јованоски.

Тој потсети дека годинава беа реализирани уште два капитални проекта: новиот
мост на градската река, како и реновираниот фудбалски стадион „Гоце Делчев“.

„За следната година исто така имаме три големи капитални проекти кои се од
големо значење за нашиот град. Тоа се реконструкцијата на Старата чаршија,
новата детска градинка и изградбата на затворениот базен. На овој начин им
излегуваме во пресрет на граѓаните, бидејќи сите проекти ги работиме во
консултација со нив. На крајот, на сите граѓани им го честитам празникот ‘Свети
Никола’ и им посакувам пред се’ добро здравје. Да ги почитуваме мерките и
протоколите кои ги донесоа Комисијата за заразни болести, Министерството за
здравство и Владата. Да носиме заштитни маски, да одржуваме дистанца и да не се
групираме. Само така ќе успееме да ја победиме пандемијата“, нагласи
градоначалникот Јованоски.