ПУКНА ТИКВАТА ОДЕ КУКУРУЗ ПОМЕЃУ ГРУЈО И АХМЕТИ, САМО ШТО ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВА ВЛАДА СЕ ПРЕКИНАА

0
2973

Уште официјално незапочнати денеска прекинати преговорите меѓу претставниците на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ дознава Локално.мк.

Според еднострaни извори од страна на преговарачките тимови на двете партии, кои патем се и колициски партнери досега, поради несогласувања главно околу улогата на СЈО, денеска биле прекинати преговорите меѓу двете партии, па претсaвниците се повлекле. Со оваа нова позиција станува извесно како ќе се продолжи понатаму. Истите извори упатуваат на тоа дека не е исклучено до крајот на денешниот ден да има итна директна средба меѓу Али Ахмети и Никола Груевски за да се види дали има простор за продолжување , односно воопшто простор и за официјален почеток.

Локално.мк дознава дека Али Ахмети и ДУИ имаат сериозен проблем со позициите на досегашниот колиционен партнер, ВМРО ДПМНЕ , со нивното одбивање ,иако тие јавно декларираат дека нема откажување од работата на СЈО и продолжување на нивниот мандат. За другите позиции од точките за преговори, околу т.н платформа на Албанците воопшто и не се дошло на ред да се разговара.

Ахмети не одбива да се сретне со мандатарот Груевски, но без оглед на исходот од таа средба, тој има сериозен притисок, од своето членство и своите пратеници, околу изборот на идниот колиционен партнер, и формирањето на новата влада. Неизвесноста е поголема , особено и поради тоа што останатите партии на Албанците кои освоија пратеници во новиот парламент, се изричито против коалиција со партијата чии челници се под обвиненија од СЈО, ниту пак помислуваат на соработка со Никола Груевски кој поради тоа немал лигитимитет за никава функција во новата влада.

И писмото на интелектуалците Албанци до ДУИ е со иста тема , под никакви околности да не се прави влада со ВМРО ДПМНЕ.

Нема официјална потврда ниту демант за ваквиот тек на преговорите меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ.