ИМУНИЗАЦИЈАТА СЕ ОДВИВА НОРМАЛНО, ФИЛИПЧЕ: ВЕЌЕ ИМАМЕ ФАЈЗЕР, НАСКОРО ГИ ОЧЕКУВАМЕ И ПРАТКИТЕ СО КИНЕСКИ ВАКЦИНИ СИНОВАК И РУСКИТЕ СПУТНИК

0
1334

“Нема препорака да се мешаат вакцините. Како за првата доза, истиот производител треба да биде и за втората доза. И тоа се официјалните препораки на сите производители. Немаме официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза” – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочи дека сè уште нема точни датуми за пристигнувањето на вакцините Спутник и на Синовак.

“Вчера разговарав со рускиот амбасадор и тој зема обврска во текот на денот да контактира со Институтот во Москва и да даде повратни информации. Најавата за пристигнувањето на вакцини Синовак е за првите десет дена од месецов” – рече Филипче на Светскиот ден на детето пред Детската клиника.

Тој нагласи дека имунизацијата нема да запре, вчера пристигнаа вакцините Фајзер кои што веќе се дистрибуираат, а во текот на неделава се очекуваат и други вакцини да стигнат од Бугарија и Грција.

“Сè уште има бројка на граѓани кои се над 60 години и не се вакцинирани. Има околу 42% вакцинирани од вкупната популација над 65 години. Со кампањата очекуваме уште поголем број граѓани да се пријават за вакцинација. Не се се’ уште сите вакцинирани и тие вакцини нема да бидат неискористени. Не ги креираме препораките и ставовите кој со која вакцина треба да се вакцинира врз основа на тоа што е расположливо како тип на вакцина, туку врз основа на стручните препораки. Додека не сме сигурни дека е безбедна вакцина согласно сите случаи кои се пријавуваат за компликации за помлади од 60 години, тоа ќе остане така” – рече Филипче.