(ВИДЕО) СДСМ ОТКРИВА Мега СКАНДАЛ во здравството на Тодоров – Шахпаска: Се кратат пари за дијабетичарите, за вакцини за ретки болести, итно се потребни промените!

0
1317

Прес конференција,
Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ
Скопје, 12.04.2017

Почитувани граѓани,

Власта во заминување не престанува да прави штети и повторно го става во ризик здравјето на граѓаните.

Владата во заминување со технички овластувања донела одлука да скрати средства за инсулин во износ од 62 милиони денари. Тоа е за 10 % помалку средства за 40.000 пациенти на инсулинска терапија. 40.000 пациенти се во ризик за инфаркти, мозочни удари, слепило и ампутации. Од нив 600 се деца до 14 години, чии живот е директно зависен од инсулин. Пациентите на инсулинска терапија досега се соочуваа со неквалитетни игли и неквалитетни апаратчиња за мерење на крвен шеќер, а сега остануваат и со помалку финансиски средства.

Скратиле и 36 милиони денари за набавка на вакцини.

Не се поштедени ниту лицата со ретки болести. За нив се скранети 40 милиони денари.

Додека се кочат трансферот на власта и демократските процеси и се кратат пари за инсулин, вакцини и ретки болести, од друга страна се делат милионски тендери на фирми и бизнисмени блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е само уште еден доказ за потребата на итна деблокада на демократските процеси и формирање нова Влада којашто ќе се грижи за реалните потреби на граѓаните. Ќе бидат преиспитани сите сомнителни тендери и одлуки на досегашната власт, вклучително и во здравството.