ВО ЛУКСЕМБУРГ ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА НОВОТО ЕВРОПСКО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ КРИМИНАЛ ПОВРЗАН СО ЗЛОУПОТРЕБА НА СРЕДСТВА ОД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ

0
173

По години преговори меѓу земјите и институциите на Европската Унија, од денеска за првпат станува оперативно првото обвинителство на ниво на ЕУ со задача да истражува и гони криминал поврзан со злоупотреба на буџетот и фондовите на Унијата.

Главна обвинителка е Романката Лаура Ковеси, која изутринава од Луксембург каде што е седиштето на обвинителството, вети дека оваа институција ќе работи за заштитата на основните принципи на ЕУ, како и буџетот на ЕУ.

“Имаме суштинска улога да ја одиграме за довербата на граѓаните на ЕУ да биде посилна од било кога” – изјави Ковеси.

Само неколку земји на ЕУ не учествуваат во новото заедничко обвинителство: Шведска, Данска, Ирска, Полска, Унгарија иако Шведска најави желба да се приклучи од идната година.

На обвинителството ќе му помагаат и другите релевантни тела како Европол и ОЛАФ во гонењето на буџетски криминал во земјите членки. Граѓаните и ентитетите отсега ќе можат да се обратат на едно место во случај на сомнеж за злоупотреба на европските пари и со тоа треба да се поедностават процедурите.