БУРЛЕСКИ СЦЕНАРИО : ВРАБОТЕН ВО СТРУШКА ФИРМА УКРАЛ ЧАНТА СО НАД 500.000 ДЕНАРИ, ПОТОА ГО ПРИЈАВИЛ ГРАБЕЖОТ ВО ПОЛИЦИЈА

0
398

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 19.12.2023, пријавениот лажно пријавил дека во фирмата каде што бил вработен од паркирано патничко моторно возило „опел“, сопственост на фирмата, била одземена чанта со пари, но всушност тој ги одзел парите и нанел штета на фирмата од 593.625 денари.