И НОРВЕШКАТА АМБАСАДА ГИ ДЕМАНТИРА ЛАГИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИРУРШКИ ТИМ ВО АВГАНИСТАН

0
967

Егил Далтвајт, аташе за одбрана во амбасадата на Кралството Норвешка, реагираше со отворено писмо до македонската јавност на упорните навреди од страна на ВМРО-ДПМНЕ за нашите хирурзи испратени во Авганистан, а со тоа и на злоупотребата на добрата волја на Норвешка која учествуваше во нивната обука. Во гест несвојствен за политичари на земји членки на НАТО, пратеникот Бојан Стојановски повторно тврдеше во Парламентот дека главниот хирург испратен од страна на нашата земја во мисијата во Авганистан не бил способен да изведе ни обична хируршка интервенција. Откако барал и не добил извинување од Стојановски, норвешкиот аташе и се обрати директно на јавноста:

“Пред два дена, пратеникот Бојан Стојаноски во Собранието тврдеше дека има информации за содржината на норвешкиот воен извештај. Тој тврди дека во овој извештај норвешките воени експерти оцениле дека македонскиот хируршки тим не може сам да ги извршува своите должности. Тој исто така тврди дека македонскиот главен хирург не знае како да изведе основна хируршка интервенција.

Има многу проблеми околу неговата изјава. Прво, не постои таков извештај, и ако го имаше, можам да ве уверам дека чувствителните воени извештаи во норвешката армија не се достапни на други, освен на оние што треба да знаат. Затоа си го поставуваме следното прашање: Дали самиот Стојаноски ги измислил овие информации или ги прифатил некритички од некој друг што ги направил?

Второ, обвинувањата против членовите на македонскиот хируршки тим не се точни. Ако обвинувањата беа точни, вашиот тим немаше да биде на должност во Кабул во моментов и да биде одговорен за спасување на животите на сојузничките и норвешките војници кога е потребно.

Трето, изнесувањето обвиненија против некој што е во воена зона каде што им служи на неговата земја и на Алијансата од безбедна привилегирана позиција како пратеник во македонскиот парламент, според мое скромно мислење како офицер и одбранбено аташе, е тотално неприфатливо.”