ПЛАНОТ НА ФИЛИПЧЕ НАПРЕДУВА, КООРДИНАТОРОТ НА СДСМ МИТРЕСКИ ТВРДИ: СО ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО

0
114

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески денеска изјави дека сите пратеници на владејачката партија биле дојдени на вакцинација, но дека се консултираат со лекарите за тоа дали може да ја примат вакцината против Ковид-19. Пратениците од македонското Собрание денеска се вакцинираат со првата доза од вакцината Спутник В.

“Од нашата пратеничка група сите пратеници денеска се тука присутни, прават консултации и со лекарите и со сите здравствени работници кои се тука во смисла на тоа кои се тие коишто го прележале вирусот дали треба да примат денеска вакцина или треба да одложат за следен период” – изјави Митрески.

И тој се надева дека вакцинацијата ќе помогне да се нормализира работата на законодавниот дом и во тој процес пратениците заедно да излезат од кризата којашто се случува во Собранието со единствена цел да работат во интерес на граѓаните и на оние којшто ги избрале.

Според него, процесот на вакцинација се одвива одлично. Митрески ги повика граѓаните да се појават во времето во кое ќе бидат повикани за што поуспешно и подобро да се заврши овој процес.