АЈДЕЕ, НОВИНАРИТЕ ПАК СЕ ПОДЕЛИЈА, ПОРАНО БЕА КУРТОНИ И НОВИНАРИ, СЕГА НА КАБЕЛЦИ И ТЕРЕСТРИЈАЛЦИ!!!

0
1046

Телевизиите кои зрачат терестријално, Телма и Канал 5 пред се, отворија војна против Младен Чадиковски, па новинарите се поделија на два табора, оние кои се блиски до главните телевизии, и оние кои се блиски до порталите и кабелските оператори.

Војната трае веќе неколку години и е поради спор за авторските права и нелојалната конкуренција која кабелските оператори ја прават врз домашните телевизии, а кабелците се правдаат дека домашните телевизии имаат лоша понуда на емисии и квалитет на вести.

Телма се буни за изборот на Чадиковски, наоѓаат влакно во јајцето, малку луѓе се пријавиле на конгресот:

Со девет гласови повеќе од новинарот Столе Наумов, за нов преседател на Здружението на новинари на Македонија е избран Младен Чадиковски. За него гласале 86 а за Наумов 77 новинари и медиумски работници.

Симтоматично е што од вкупно 555 членови на Здружението присуствуваа само 175 а на пет дена пред изборот, беше забрането обновувањето на членството за новинарите иако такво нешто не е предвидено во Статутот. Управниот Одбор гласал по телефон за ваквата одлука на што имаше реакции дека одлуката е нелегитимна.

Иако се бараше одоложување на изборното собрание, досегашниот преседател Насер Селмани тоа не го дозволи. Не можеа да гласаат ниту  членовите кои имаа платено членство за наредните две години ама не се регистриртале до 13 часот како што бараше Селмани.

За разлика од изборот на Чадиковски, Селмани во првиот мандат беше избран во демократска атмосфера со право на глас за сите кои ќе се пријават, и на денот на гласање добиваа и членски книшки за да можат да го заокружат кандидатот.

 


Погледнете ја и црната кампања против Чадиковски што ја водеше Канал 5: