СОЛЗА ГРЧЕВА КАЧЕНА НА ГАЈБА, ОД ПРОТЕСТИТЕ ЌЕ ПОВИКУВА НА НЕРЕДИ: СДСМ ТРЕБА НА КЛОЦИ ДА СЕ ИЗБРКА ОД ВЛАСТ

0
352

Солза Грчева гостуваше во емисијата “Што не е јасно?” на тв Алфа, кај водителот Љупчо Цветановски со цел да ги напаѓа образовните реформи предложени од министерката Мила Царовска.

Образовните реформи ги смета за монструозно упропастување на генерациите и затоа не е можно брзо враќање од овие штетни потези. Се надева на брзо паѓање од власт на СДСМ. За Царовска тврди дека поради тоа што е дојдена од невладини организации и обучувана само за да прави штети во образованието, не е компетентна да прави никакви образовни реформи. Грчева отиде дотаму со оцрнувањето дека не е образование ова што ни го правеле полуписмени луѓе од СДСМ.

Ги потцени научниците кои што отишле на средби со Царовска. Рече дека во МОН отишле на по едно сокче но не им текнало во МОН да го зголемат процентот од БДП наменет за образованието и наука и не ги наградиле овие светски признати научници.

Како алиби за неправење битни реформи, наведе дека дека дел од училиштата немаат основни услови за работа а сега форсираат и нееднаквост на децата со барање на таблети и лаптопи.

За гласањето на петтиот пакет економски мерки, таа тврдеше дека во СДСМ биле решени и со кревет да ги донесе двајцата заразени пратеници на гласање, само за да покажеле сила иако самите економски мерки биле мизерни и секако ќе ги гласала и опозицијата.

Потоа ги оцрнуваше и здравствените потези на Филипче. Рече дека импровизирале со модуларните болници кои што биле уште една коруптивна зделка на екс вицепремиерот Анѓушев. Потоа таа обвинуваше дека бројот на вакцини во Македонија е споредлив со некои островчиња по светов со помал број на население и дека немаме никаква масовна имунизација на населението.

Грчева ја дефинираше политиката како даден збор и доверба поврзан со планирање во сите битни ресори. Затоа тврдеше дека овие од СДСМ не знаат што прават. За неа, Филипче бил импровизатор поради изјавата дека немало да се набавуваат вакцини од Србија, а веќе некни го посетил српскиот институт Торлак и се премислил. Да потсетиме дека министерот Филипче спомна дека има доволно нарачки за вакцини за оваа година, а за следни години може да се користи српското производство на вакцини по потреба. Грчева обвини и дека блиски лица на СДСМ се вакцинирале со Фајзер преку партиски врски. Филипче требал да понесе и кривична одговорност за ненабавувањето на вакцини досега.

Дополнително Грчева ја оцрнуваше СДСМ поради нејзини лични интереси. Владеењето на СДСМ го поистовети како распашано самоволие и феудален систем на владеење од банди и фамилии. Наспроти нив, македонскиот народ бил питом и цивилизиран, а СДСМ требаше досега да си заминат на клоци.

Истакна таа дека аферата со лажните пасоши ја претставува Македонија како Див Запад, и затоа сме се оддалечиле премногу од ЕУ. Допрва ќе сме ги виделе последиците од вакво неодговорно однесување на СДСМ. Овој мегаскандал ја претставувал Македонија како мафијашка држава. Таа смета дека и поради 20 илјади лажни лични карти на СДСМ, во третата изборна единица нејзината небитна партија била оштетена за два пратеници иако рејтингот им бил сличен со Левица.

Солза Грчева потенцираше дека странските амбасадори ни велат да си го средиме дворот, да не се краде, да се бориме против корупцијата, а не да се занимаваме со бугарското вето. Поради наводна корупција во високите ешалони на власта, законски требале да постојат јасни критериуми за отповикливост на министри во т.н. феудално општество на СДСМ.

На протестите во недела, ќе повика таа на ослободување на пучистите од 27-ми април кои што правосилно беа осудени на долги години во затвор. Бара повторно судење и ослободителни пресуди. Убедена е дека СДСМ брзо ќе падне од власт и дека патриотскиот фронт на партии ја има целата народна поддршка.