ХРВАТСКА Е ТУРИСТИЧКА ЗЕМЈА И ГОСТИТЕ НЕМА ДА СЕ ЗАРАЗАТ КАЈ НАС, ПЛЕНКОВИЌ: ВАКЦИНАЦИЈАТА НЕМА ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА НИТУ ЗА ТУРИСТИТЕ

0
643

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека вакцинацијата во Хрватска нема да биде задолжителна. Хрватска е туристичка земја и гостите можат да бидат сигурни дека нема да се заразат таму.

“По објавата од Владата, се зголеми бројот на вакцинирани со првата доза и разговорите што ги водиме со нашите социјални партнери ќе продолжат оваа недела. Кога ќе има поголем степен на согласност, ќе ви кажам како напредуваме” – рече премиерот Пленковиќ без да спомне било какви ковид сертификати.