ДОКТОРОТ ВО ПРИЛЕП НАПРАВИ ОБИКОЛКА НА ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ СО ЦЕЛ ПРОВЕРКА НА ПРОТОКОЛИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

0
758

После денешната обиколка на детските градинки, можам да кажам дека сите прилепски градинки се спремни за почеток на новата воспитно-образовна година. Во секоја од нив се почитуваат мерките на претпазливост кои што ги препорача Комисијата за заразни болести. На влезот во градинките се мери телесната температура, а во градинката „Гоце Делчев“ каде се припрема храна, се контролира редот и се води сметка сите оние кои влегуваат во кујната да бидат опремени со соодветна заштитна опрема.

Сакам да им порачам на родителите да не се грижат, затоа што децата ги носат на безбедно. Персоналот на градинките е заштитен со потребната заштитна опрема, носат маски и визири, а се врши и потребната дезинфекција.

На сите дечиња кои ќе престојуваат во градинките на ЈОУДГ „Наша иднина“ им посакувам успешна воспитно-образовна година. Истовремено, по однос на изградбата на новата градинка во населбата „Точила“, сакам да ги демантирам искажаните невистини од страна на одредени ТВ куќи и новинари.

Уште еднаш ќе потенцирам дека градинката ќе се гради во 2020 и 2021 година, онака како што изгласа и Советот на општина Прилеп. Следната година во ова време, градинката ќе биде готова и спремна да прими околу 300 дечиња.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.