ХРВАТСКА ПОЧНА ДА НУДИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МАСОВНО ПОСТАВУВАЊЕ СОЛАРНИ ПАНЕЛИ

0
785

Со цел да се искористи потенцијалот на сончевата енергија, Хрватска почнува со досега најголемиот проект за соларизација во вредност од околу 2 милиона евра. Повикот важи за сите граѓани, приватни и јавни компании за да се пријават на тендерот и да им се помогне при поставувањето на соларни панели.

Болницата во Забок е прва во Хрватска која има соларна централа на покривот.

“Водечката мисла беше всушност да се биде свесен за природата, еколошки свесен, да се произведува помалку СО2 и се разбира со некои заштеди” – рече Тихомир Ванчина, директор на Општата болница Забок.

Со текот на времето тоа ќе заштеди до 500 илјади куни годишно. Болницата троши 2 милиони куни на електрична енергија годишно.

“Одлучивме да го сториме тоа со приватен партнер кој инвестираше во оваа централа, а всушност му ја плаќаме цената на струјата 10 години, а по 10 години станува наша сопственост” – рече директорот Ванчина.

“Само Финска е полоша од нас, а ние во споредба го знаеме бројот на сончеви часови каде што е Хрватска на картата на Европа, и каде е Финска” – рече Јулие Домац, директор на регионалната агенција за енергетика на северозападна Хрватска.

Затоа се спроведува проектот PVMax со кој што се планира да се инсталираат панели на покривите на повеќе од 3000 згради во следните 3 години.