Фрчкоски за притисоците против Јанева: Не можете да очекувате да влезете во септикот и кога ќе излезете од него да не замирисате на фекалии

0
926

„Перверзија, уличарска техника на притисок и директен атак врз СЈО“ е ова со дождот од кривични пријави против Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, вели универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски за агенцијата МЕТА.

На прашањето дали досега има слични примери во правосудството – за толку кратко време да се поднесат толку пријави – Фрчкоски вели дека тоа е неспоредливо со ништо, како и дека таквото прашање „само им влегува во филмот на тие што ја создаваат таа кампања, им се дава легитимитет преку некаква статистика“.

– Не можете да очекувате да влезете во септикот и кога ќе излезете од него да не замирисате на фекалии – вели во свој стил Фрчкоски.