ГО СЛУШАМЕ ГЛАСОТ НА ЈАВНОСТА, ЗАЕВ: НЕМА ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИТЕ ОД СКОПЈЕ 2014 НИТУ ВО ОХРИД НА ЛОКАЦИИ ПОД ЗАШТИТА НА УНЕСКО

0
1017

“Дивоградбите од Скопје 2014 не се планира со законот да се легализираат, како што не се планирани дивоградбите во заштитеното подрачје согласно управувачкиот план во охридскиот регион заради УНЕСКО. Со нелегализирање на самите вакви објекти се очекува да завршат правните постапки за да има нивно отстранување” – истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека соодветно на категоријата прва градба, надлежно е Министерството за транспорт и врски, односно Државниот градежен инспекторат, а за категорија втора и други градби надлежни се самите општини.

“Нема легализација заради тоа што се работи за катни објекти, не се индивидуални домови. Се работи за катни објекти кои што не се вградени во самиот закон. Секако соодветно на тоа, се однесува и на Охрид. И тоа да се знае, надвор од заштитеното подрачје во Охрид, на зоните коишто се дозволени, надвор од планот за управување со Охрид е дозволиво легализирање, секако ако има останато нелегални градби во охридското подрачје” – наведе претседателот на Владата, Заев.

Околу новиот предлог-закон за легализација на бесправни објекти, Заев рече дека останува на своите принципи, да бидат респонзивни и да ја слушаат јавноста. Тоа е многу значајно иако е убеден дека и вака поставен законот може да ги исполни очекувањата на граѓаните и намената за која што е предложен од страна на Владата.