КАРАКАЧАНОВ ПРЕДИЗВИКА ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ, ГИ НАРЕЧЕ АМЕРИКАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ НИКАКВЕЦИ ПОРАДИ МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА

0
1115

Делот од годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент во кој се зборува за етнички Македонци во Бугарија, предизвика силен излив на гнев кај Красимир Каракачанов, вицепремиер и лидер на тамошната партија ВМРО.

“Властите продолжија да негираат регистрација на активистичките групи на етничките Македонци” – стои во првата реченица за слободата на здружувањето во Бугарија.

“Кое е ОМО Илинден? Сите се на платен список на Скопје, тоа е платено малцинство, кое нѐ тераат да го признаеме. Какви репресирани Македонци има во Бугарија? Некои пишуваат извештаи, нека пишуваат што сакаат. Нека воведат тие тексашко малцинство, аризонско малцинство. Политиката таму е да се интегрираат сите и да бидат Американци. Од каде тие да ја зајакнуваат својата државност, а ние ја кршиме?” – рече бугарскиот министер за одбрана.

Соединетите Американски Држави во овој извештај не само што наведуваат дека има етнички Македонци во Бугарија туку и дека ним не им е дозволено да ги регистрираат своите здруженија. Во него се наведува дека бугарските власти и покрај пресудите на Европскиот суд за човекови права одбиваат да ги регистрираат здруженијата на Македонците во таа земја.